Безалкохолниот газиран пијалак 7UP го претстави својот освежен бренд идентитет, со надеж дека ќе ги изненади фанови, ќе им донесе позитивност и ќе го подигне нивниот дух. Ова всушност претставува прво ребрендирање на пијалок од семејството на PepsiCo после повеќе од седум години.
На новото пакување, кое ја задржува препознатливата зелена боја на брендот, фановите ќе забележат нов слоган: „New Get Up, Same 7UP“ („Ново подигнување [на духот], истиот 7UP“). Слоганот е придружен со привлечни визуелни мотиви на цитрусен плод, со цел подобро да се илустрира освежувачкиот вкус на пијалакот.
Додека обожавателите сè уште ќе бидат привлечени од препознатливата зелена боја, додадените цитрусни нијанси и посебните линии со висок контраст ќе помагнат да се внесе нова динамична енергија во брендот. Според компанијата, новиот дизајн ќе биде имплементиран во однос на сите нови 7UP и 7UP Zero Sugar шишиња и лименки почнувајќи од март 2023 година.
Покрај тоа, брендот има за цел да го „отелотвори универзалниот јазик на комедијата“ за да допре до обожавателите ширум светот „на неочекувани начини“. Ова ќе дојде во форма на нејзината прва платформа за потрошувачи која ќе биде лансирана на пролет, овозможувајќи им на фановите да уживаат во уникатни искуства со пијалокот.
„UPliftment [„Издигнување“] е концепт кој одекнува кај луѓето на глобално ниво. Нашиот нов визуелен идентитет за 7UP беше инспириран пред сè од создавањето моменти на UPliftment од страна на брендот низ неговата историја. Тимот за дизајн и иновации на PepsiCo создаде светол и самоуверен визуелен систем на идентитет кој ќе одекнува низ културите, регионите и јазиците“ – објасни Мауро Порчини, генерален директор за дизајн во PepsiCo.