Брендот на безалкохолни пијалаци Schweppes ја објави својата нова реклама како дел од креативната платформа „I Like It Like That“ („Ми се допаѓа на тој начин“), која го води курсот на брендот веќе некое време.
Новиот „херојски“ спот на брендот ги прикажува авантурите на екипажот на некоја истражувачка подморница, кои одлучуваат да направат мала пауза среде отворениот океан, сѐ со цел да уживаат во релаксирачки пијалок.
Всушност, Schweppes испраќа порака која има за цел да ги охрабри луѓето да го исклучат „автопилотот“ и да преземат контрола врз својот живот, според своја волја, а кога нешто прават тоа да биде затоа што им се „допаѓа на тој начин“.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Paris и продукциското студио Stink, чиј Фредрик Бонд е режисер на спотот. Видеото е проследено со песната “I Like It Like That” од далечната 1967 година, во изведба на Пит Родригез.