Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реши дека 35 кабелски оператори ќе треба да ги исклучат некои од најгледаните странски телевизиските канали како што се: Fox, Fox movies, Fox crime, 24 kitchen, сите Sport Club канали и Golf Club, пренесува MKD.mk.
Оваа одлука е донесена по извршениот вонреден програмски надзор врз работата на сите 49 оператори на јавни електронски комуникациски мрежи спроведен на ден 27.01.2015 година.
Во образложението пишува дека агенцијата не издала дозвола за емитување на овие канали во Република Македонија и дека доколку кабелските оператори не ги исклучат каналите, против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки.
Извор: МКД.мк