Финансискиот бренд Mastercard се здружи со аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси за да го прослави своето долгогодишно партнерство со европската Лига на шампиони преку кампањата “Passing on the love of football. Priceless.” („Пренесување на љубовта кон фудбалот. Бесценето.“).
Во фокусот на кампањата се наоѓа спотот насловен „Тим на Леовци“ во кој гледаме група на деца кои сите се викаат Лео, а така се именувани од своите родители баш поради Лионел Меси. Во првиот дел од видеото го гледаме емоционалната реакција и изненадувањето на децата кога на фудбалскиот терен им се придружува самиот Меси.
Вториот дел од спотот, пак, ја покажува емоционалната реакција на Меси кога ги слуша сведоштвата на родителите зошто ги именувале своите деца според него, односно според исклучителните човечки и фудбалски особини кои тој ги демонстрирал низ својата богата кариера.
Како дел од кампањата, Mastercard исто така лансираше наградна игра во која можеа да учествуваат деца од Обединетото Кралство, Германија и Франција. Главната награда беше можност да се излезе на фудбалскиот терен заедно со Меси на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу тимовите на Баерн Минхен и Парис Сен-Жермен, кој што се одигрува вечерва – 8 март.