Случајните минувачи покрај еден ресторан на Burger King во британскиот град Мидлсбро, но и случајните „скролачи“ на социјалните мрежи, имаа несекојдневна можност да видат како гори голем билборд на брендот за чипс Doritos пред нивните очи.
Но, не се работи за чин на вандализам или меѓу-компаниска нетрпеливост. Баш напротив, подвигот е дел од заедничките промотивни напори на двата брендови по лансирањето на новиот пченкарен чипс од Doritos со вкус на плескавица печена на вистинска пламена скара – како што се гордее Burger King со својот сендвич Whopper.
Според брендовите, вкусот е толку сличен помеѓу двата производи, што чипсот всушност претставува „траголен Whopper“. Но, нивната соработка нема да застане тука – од двете компании најавуваат „повеќе изненадувања во блиска иднина“.
За дополнително да ги збунат фановите, двата брандови си ги заменија и своите логоа на онлајн социјалните профили посветени на пазарот на Обединетото Кралство.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата за односи со јавноста Splendid Communications.
🔥 07.03.23 🔥 pic.twitter.com/rCqVJ57GcD
— Doritos (@DoritosUK) March 7, 2023