Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola објави нова реклама едноставно насловена “Masterpiece” („Ремек дело“), како дел од глобалната бренд платформа Real Magic („Вистинска магија“) која влече инспирација од поп културата, уметноста и музиката за да пренесе навистина магични рекламни кампањи.
Една таква кампања е новата „Ремек дело“ која се случува во некоја музејска галерија каде група на студенти по ликовна уметност одржуваат вежби, ама еден од студентите со голема тешкотија се одржува да не заспие. Во еден момент, кога студентот речиси задремал, околу него почнува да се манифестира „вистинска магија“.
Имено, ликовите насликани во околните ремек-дела на историски познати и современи помалку познати уметници почнуваат да си играат „подавана“ со шише Кока-Кола, кое го извлекуваат од „Големата Кока-Кола“ на Енди Ворхол.
Поминувајќи низ „Бродоломот“ на Џозеф Малорд Вилијам Тарнер, па преку „Спалната во Арле“ на Винсент ван Гог, „Врисокот“ на Едвард Мунк, „Мостот и зајдисонцето“ на Хирошиге и разни други уметнички дела, шишето Кока-Кола на крај завршува во рацете на „Девојката со бисерна обетка“ на Јоханес Вермер – која го отвора и му го подава на нашиот поспан студент за тој конечно да се расони. :)
Магичната реклама е создадена со помош на креативната агенција Blitzwork и режисерот Хенри Шофилд.