Zenith Optimedia Македонија, односно медискиот оддел на агенцијата Публицис Скопје, доби исклучително важно признание во рамки на својата мрежа ZenithOptimedia Worldwide.
На натпреварувањето Live ROI! Excellence Awards, на кое имаше пријавено над 230 проекти од 50 различни пазари, тимот на ZenithOptimedia Македонија го освои второ место со својата кампања за Стопанска Банка “Подари Насмевка“.
Жирито составено од водечките медиа планери во мрежата составено од професионалци кои доаѓаат од Франција, Германија, Дубаи, Сингапур, Кина, UK и USA, откако ги прегледа сите пријавени проекти, најпрво селектираше 54 проекти од кои одбра 12 финалисти и подоцна прогласи 3 победници: USA Verizon Media One Team, Zenith Optimedia Macedonia и Zenith Optimedia Norway.
Честитки ! Треба да частите :)