Вчера, во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje се одржа свечена манифестација за доделување на македонските награди за е-трговија за 2022 година – “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од голем број на домашни уметници и актери.
На изборот за најдобри е-трговци во Македонија за 2022 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 23 категории, организирани во 3 секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, во чии рамки се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.
Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2022 се организираше во 5 фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Изборот започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 150 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани 93.390 гласови од 6.584 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 13 членови. Во категориите со 30 или повеќе номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 10 финалисти и потоа на крајот беа избрани 3 победници (1во, 2ро и 3то место), додека во категориите со помалку од 30 номинирани компании, листата на финалисти се состоеше од 5 е-трговци, од кои еден беше избран за победник.
По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Категоријата “Најпопуларна е-продавница ” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.
Победниците во сите категории може да се погледнат во продолжение, а објавени се и на официјалнтата веб страница на натпреварот, на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/pobednici/
Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:
- Е-продавница за облека и обувки на годината – fashiongroup.com.mk
- Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
- Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk
- Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fashiongroup.com.mk (1 место)
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – fitkit.app(2 место)
- Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината – mytime.mk (3 место)
- Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – dormeo.mk
- E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
- Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – korpa.mk
- Е-продавница за култура, настани и едукација на годината – literatura.mk
Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:
- Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – korpa.mk
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – fashiongroupoutlet.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – telekom.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – gley.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – korpa.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (3 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (2 место)
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – svetotnabibi.mk (3 место)
- Најдобра веб страна за плаќање на сметки – evnonline.mk
- Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – https://e-pdd.ujp.gov.mk/
- Најдобра е-продавница основана од жена – korpa.mk (1 место)
- Најдобра е-продавница основана од жена – elenaluka.com.mk (2 место)
- Најдобра е-продавница основана од жена – boksy.mk (3 место)
- Најдобра е-продавница со меѓународна продажба – kupikniga.com.mk
- Mаркетплејс платформа на годината – paket.mk
- Најдобар верификуван е-трговец – fashiongroup.com.mk
Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:
- Најдобра новоотворена е-продавница – korpa.mk
- Најпопуларна е-продавница – fashiongroup.com.mk (1 место)
- Најпопуларна е-продавница – paket.mk (2 место)
- Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (3 место)
- Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (1 место)
- Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (2 место)
- Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (3 место)
Инаку, македонските награди за е-трговија – “Ecommerce Awards 2022” беа овозможени благодарение на поддршката од генералниот партнер Mastercard и на организацискиот партнер – Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада. Златен партнер на натпреварот беше Комерцијална Банка АД Скопје, Iute Credit Macedonia, беше сребрен партнер, а натпреварот го поддржа и винскиот партнер wine.mk.