Бизнис академија Смилевски е единствената високообразовна институција во Македонија која нуди професионални студии по менаџмент и тоа:
- Бизнис менаџмент и маркетинг менаџмент на прв циклус (додипломски); и
- Стратегиски менаџмент на втор циклус (постдипломски) студии.
Препознатливи сме по нашиот начин на работа кој вклучува: мали групи на студенти, фокус на практични знаења наместо теорија, многу пракса и поддршка од кариерниот центар за време на студиите, достапност на професорите и лесна вработливост на нашите дипломирани студенти.
Едно од нашите главни обележја низ годините е НАТПРЕВАРОТ ЗА СТИПЕНДИИ кој го организираме секоја година без исклучок!
Оваа година натпреварот се состои од два дела.
Првиот дел е онлајн тест каде кандидатите треба да ги покажат своите ставови и размислувања за менаџментот. Не треба учење на памет дефиниции и набројувања. Тестот ќе има неколку студии на случај (case studies) каде кандидатите ќе треба да дадат свое мислење како би го решиле проблемот.
Вториот дел од натпреварот е интервју, со физичко присуство или онлајн, по избор на кандидатите. Интервјуто ќе има за цел да ни даде комплетна слика за кандидатот,неговите знаења и интереси.
Најдобро рангираните кандидати ќе добијат стипендија за студирање во БАС!
На натпреварот може да се пријават сите матуранти и млади до 22 години. Пријавувањето трае до 26. Март, а сите информации за натпреварот и пријавувањето се на www.bas.edu.mk/stipendii