Фановите на Coca-Cola сега можат да ја искажат својата љубов кон пијалокот во форма на уметност – благодарените на новата алатка базирана на вештачка интелигенција која што ја лансираше компанијата, а која на фановите им овозможува да креираат дизајни користејќи некои од најпрепознатливите иконични слики поврзани со брендот.
Од класичното контурирано шише на пијалокот до неговите популарни Божиќни поларни мечки и препознатливата фигура на Дедо Мраз – до сликите може да се пристапи преку сосема нова веб-платформа изградена со помош на најновите системи за вештачка интелигенција DALL-E и GPT на OpenAI.
Дигиталните креативци од 17 земји (за жал без Македонија) можат да изберат од десетици брендирани елементи, како што се слики, логоа и симболи, за да креираат сопствена креативна интерпретација на брендот.
Според компанијата, постои можност пријавените дела да бидат избрани да се појават на дигиталните билборди на Кока-Кола на Тајмс Сквер во Њујорк и лондонскиот Пикадили Циркус.
Дополнително, група од 30 креатори ќе бидат избрани за да отпатуваат до глобалното седиште на компанијата во Атланта за да присуствуваат на работилницата „Креативна академија за вистинска магија“ организирана од тимовите за глобален дизајн и креативност на Кока-Кола.
„Возбудени сме што ќе ја ослободиме следната генерација на креативност понудена од оваа технологија која брзо се шири. Гледаме можности да го подобриме нашиот маркетинг преку врвна вештачка интелигенција“ – посочи претседателот на компанијата Кока-Кола, Џејмс Квинси, по повод лансирањето на алатката.