Четботот базиран на вештачка интелигенција што Microsoft го имплементираше во пребарувачот Bing отсега ќе може да генерира и слики преку интеграција на напредна верзија на генераторот DALL-E на партнерската софтверска компанија Open AI.
Корисниците едноставно ќе треба да му напишат на четботот неколку зборови во врска со замислената слика (или да дадат краток опис), да изберат уметнички стил и по некое време – сликата ќе се појави на екранот.
Фактот што корисниците сега ќе можат истовремено да генерираат писмена и визуелна содржина на едно место го прави четботот за вештачка интелигенција Bing уште покорисен. Всушност, не претставува изненадување што компанијата се одлучи да ги прошири можностите на својот четбот во сферата на визуелното, со оглед на тоа што сликите се најпребаруваната категорија покрај општите веб-пребарувања.
За да ги спречи корисниците да не го злоупотребуваат генераторот на слики, Microsoft посочува дека неговиот систем има вградени способности за откривање на потенцијално штетни визуелни содржини. Ако системот „насети“ дека нешто не е во ред, внесениот опис ќе биде блокиран и корисникот ќе биде предупреден да го уреди описот.
Кон таканаречениот Bing Image Creator може да се пристапи преку делот „креативен режим“ во четботот или преку прелистувачот Microsoft Edge.
Пребарувачот и четбот Bing е достапен на следниот линк.