Данскиот производител на играчки Lego Group се подготвува за отпочнување ревизија на својот глобален медиски договор.
Компанијата адресирала барање за испраќање понуда до сите големи агенциски холдинг-компании, а процесот сé уште се наоѓа во рана фаза.
Во 2022 година, Lego Group инвестирале над 400 милиони долари во медиско огласување на глобално ниво. Годишниот приход на компанијата во 2022 година изнесувал околу 9.3 милијарди долари, што претставува раст од 17% во однос на годината претходно.
Актуелна медиска агенција на Lego, задолжена за медиско планирање и закуп, е Initiative на IPG, со која брендот соработува од 2017 година. Креативните задолженија за Lego ги врши сопствена in-house креативна агенција позната како Ola (Our Lego Agency).