Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer денес ги претставува своите новитети за 2023 година на настанот наречен „Часовници и чудесии“ кој се одржува како дел од Саемот во Женева.
Преку своите новитети, TAG Heuer ја носи авангардната иновација на сосема ново ниво, консолидирајќи ја својата позиција како производител на часовници од висока класа. Во фокусот на презентацијата ќе бидат новите модели од серијата TAG Heuer Carrera, одбележувајќи 60 години од лансирањето на првиот модел во оваа колекција часовници.
TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH 39 MM – НОВОТО ПОГЛАВЈЕ НА TAG HEUER
TAG Heuer ја прославува 60-годишнината од својот иконичен модел Heuer Carrera со претставување на TAG Heuer Carrera Chronograph 39mm, достапен во сина или црна боја. Новиот модел е инспириран од дизајнот на „стаклена кутија“ и ветува дека ќе стане еден од главните дизајни во колекцијата на современи часовници на компанијата. Напојуван од еволуираниот внатрешен мехенизам TH20-00, часовникот има двонасочно движење со редизајниран скелетизиран ротор во форма на препознатливиот грб на TAG Heuer.
TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH TOURBILLON 42MM – СКРОТУВАЈЌИ ГО ВИОРОТ
Нов хронограф TAG Heuer Carrera со турбилон видлив низ отвор кај 6 часот се придружува на колекцијата TAG Heuer Carrera. Со ефект на „стаклена кутија“, се спротивставува на ефектите на гравитацијата врз прецизноста на механичкото движење. Часовникот се напојува од внатрешниот турбилонски механизам TH20-09, COSC сертифициран со резерва на енергија од 65 часа. Часовникот е дизајниран да ја одразува убавината на турбилонот, со заоблен кристал од сафир и суптилно заоблена прирабница и индекси на дисплејот.
TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH 42 MM – ТРКА ВО ИДНИНАТА
TAG Heuer лансираше нова генерација на хронографи Carrera инспирирани од оригиналниот Heuer Carrera од 1963 година. Достапни во син или црн дисплеј со куќиште од 42 mm од не’рѓосувачки челик и врвни ремени од телешка кожа, тие се карактеризираат со едноставно тркалезно куќиште, флуидно интегрирани навртки и ергономски придвижувачи на хронографот. Со акценти на портокалова и црвена боја на маркерите за час и низ дисплејот, часовникот има визуелен „саундтрек“ што го имитира звукот на тркачкиот автомобил кој ја зголемува брзината. Овој нов хронограф TAG Heuer Carrera 42 mm со високи перформанси го доловува бесмртниот тркачки дух на иконичниот TAG Heuer Carrera.
НОВИОТ TAG HEUER CARRERA DATE 36 MM – ПОВТОРНОТО РАЃАЊЕ НА МОДЕЛОТ
TAG Heuer лансираше целосно нова верзија на својот иконичен часовник Carrera Date за да ја прослави неговата 60-годишнина. Пропорциите на редизајнираниот часовник го прават потенок и уште поудобен за носење, со редизајнирана круна и нараквица. Новото парче се напојува со новиот механизам Caliber 7 Automatic, обезбедувајќи супериорна резерва на енергија од 56 часа. Часовникот е достапен во четири бои на дисплејот: длабоко сина, пастелно зелена, топло сребрена и светло розова. TAG Heuer Carrera Date го одржува својот дизајн инспириран од тркачките спортови, но истовремено модерен и повеќенаменски, што го прави вистинска класика за секој љубител на часовниците.
TAG HEUER CARRERA PLASMA DIAMANT D’AVANT-GARDE 44 MM – АВАНГАРДНАТА ТЕХНОЛОГИЈА НА TAG HEUER
TAG Heuer достигнува нови височини во креативното изразување со TAG Heuer Carrera Plasma Diamant d’Avant-Garde. Овој иновативен часовник содржи 124 дијаманти изработени по нарачка во лабораторија од вкупно 15,5 карати поставени на алуминиумскиот прстен и нараквицата, како и на куќиштето на хронографот, круната, дисплејот и индексите. Техниката Diamant d’Avant-Garde е искористена за создавање на часовникот, кој пркоси на конвенцијата и нуди уникатен и „дисруптивен“ дизајн. Часовникот се напојува со механизмот Caliber Heuer 02 Tourbillon Nanograph, обезбедувајќи исклучителни нивоа на антимагнетизам, отпорност на удари и стабилност низ температурните разлики. Овој нов часовник е врвен израз на желбата на TAG Heuer да комбинира напредна иновација со смела креативност.
TAG HEUER AQUARACER PROFESSIONAL 200 GOLD – ЗЛАТНАТА НАДВОРЕШНОСТ
Моделот TAG Heuer Aquaracer Professional 200 отсега ќе биде достапен во 18-каратно розово и жолто злато. Овие часовници се одликува со новиот автоматски механизам Caliber TH31-00 со резерва на енергија од 80 часа и петгодишна гаранција. Рафиниран, елегантен, спортски и целосно опремен за живот кој ги надминува ограничувањата, часовникот го дефинира денешниот дух на луксузна авантура.
TAG HEUER AQUARACER PROFESSIONAL 200 STEEL AND GOLD – ЗЛАТНИОТ РАБ
Првиот двобоен модел од колекцијата Aquaracer, кој вклучува четири Steel & Gold модели со големини од 40mm и 30mm. Оваа колекција содржи мешавина од нерѓосувачки челик и цврсто 18-каратно злато, создавајќи спортски часовник со високи перформанси кој е истовремено елегантен и екстремен. Колекцијата нуди две комбинации на бои: црно и розово злато или синo и жолто злато, а помалите модели од 30 mm имаат 11 маркери со дијамантски точки. Новата палета на материјали додава слој на софистицираност на дизајнот, што го прави повеќенаменски и погоден за секоја пригода.
Официјални застапници на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.