Пред нешто повеќе од месец дена, софтверската компанија Runway го презентираше својот генератор и уредувач на видео содржини GEN-1 кој функционира со помош на вештачка интелигенција. Сега, платформата е бесплатно достапна за користење од страна на јавноста, со едноставно регистрирање на корисничка сметка.
Генераторот GEN-1 претставува алатка која овозможува убедлива трансформација на постојни видео содржини во разни видови визуелни стилови и композиции, и тоа само преку внесување референтен текст или слика.
The wait is over.
Gen-1 is now available at https://t.co/ekldoIshdw pic.twitter.com/Wm2YVOvm26
— Runway (@runwayml) March 27, 2023
Основната корисничка сметка на Runway ќе биде бесплатна и на корисниците ќе им овозможи да креираат три видео проекти и да ги експортираат во резолуција од 720p. Оние кои бараат поцелосно искуство ќе мора да ги надградат своите кориснички сметки преку месечниот „стандарден пакет“ од 12 американски долари, кој поддржува неограничени проекти плус експортирање во 1080p, 4K и Green Screen. Исто така постои и „професионален пакет“ од 28 долари, кој овозможува експоритрање во сите видео формати.
Генераторот на Runway е создаден со помош на истражувачи од Универзитетот во Минхин, како и компанијата Stability AI која стои позади генераторот на слики од текст, Stable Diffusion.
Со лансирањето на GEN-1 за јавноста, од Runway соопштија дека веќе работат на унапредениот систем GEN-2, кој на корисниците ќе им овозможи да создаваат целосно нови видеа од три секунди користејќи само текстуални инструкции и ништо друго.
Кон видео генераторот со вештачка интелигенција GEN-1 може да се пристапи преку веб-страницата runwayml.com.