White Square е еден од најголемите меѓународни фестивали за креативност во Европа. Секоја година, агенции од повеќе од 35 земји ги поднесуваат своите креативни кампањи да се натпреваруваат на меѓународната сцена. Фестивалот White Square, промовирајќи ја креативноста, високо ги цени свежите идеи и луѓето во адвертајзинг и креативната индустрија, ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и ги брани универзалните човекови вредности.
Фестивалот ги поканува сите заинтересирани страни да ги пријават своите креативни проекти, имплементирани помеѓу 1 јануари 2022 и 28 април 2023 година, во една од 205 различни номинации поделени во 8 категории:
BRANDING
CREATIVE
MARKETING EFFECTIVENESS
MARKETING SERVICES
MEDIA
DIGITAL
CRAFT
Повеќе информации за категориите, номинациите и правилата на учество можат да се најдат на следниот линк.
Жирито на White Square го претставуваат професионалци со светско признание во огласувачката индустрија, бројни награди и искуство во жирирање на престижни фестивали за креативност ширум светот.
Победничките кампањи ќе биде промовирани на веб-страницата на фестивалот White Square на 3 јуни 2023 година, а потоа и на социјалните мрежи и во професионалните медиуми кои ја следат индустријата во повеќе од 30 земји низ светот. Финалистите и добитниците на награди ќе добијат сертификати, додека пак победниците – скапоцените статуетки кои ги потврдуваат исклучителните професионални достигнувања на авторите, а ги доделува “All-Star” жирито на Фестивалот White Square 2023.
Рокот за пријавување на кампањи на Фестивалот White Square 2023 е отворен до 28 април 2023 година, па затоа побрзајте!
Во партнерство со фестивалот, Маркетинг365 нуди ексклузивна можност за 10% попуст на котизацијата за пријавување на креативно дело, со внесување на кодот MARKETING365 во полето IDEA во т.н. „персонален кабинет“ на регистрираните корисници на онлајн платформата за пријавување.