Автомобилскиот бренд Porsche прославува 30 годишни од влегувањето на тајландскиот пазар со шарена кампања која оддава почит на уникатноста и индивидуализмот на сонувачите.
Кампањата насловена “Dreams in Colours” („Соништа во боја“) се осврнува на значењето на боите во тајландската култура, истовремено почитувајќи ги соништата што ја рефлектираат трајната страст на Тајланѓаните. Главниот спот на кампањата го прикажува сонот на еден татко да го види успехот на неговата ќерка, односно сонот на ќерката да го најде својот пат до исполнување.
„Често најшарените патувања во животот започнуваат со сон. Соновите нè насочуваат кон најуникатните патеки, нè водат до најфасцинантните дестинации и ни ги отвораат нашите светови за огромен број можности“ – посочуваат од Порше.
Покрај видеоспотот, кампањата вклучува дополнителни дигитални и надворешни реклами, како и физички активации на терен. По повод годишнината, брендот исто така создаде уникатна верзија на моделот Porsche 911 Carrera GTS, обоена во седум бои кои ги претставуваат деновите во неделата.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Keko Singapore, додека пак спотот е режиран од Morvasu.