Со цел промоција на новиот и обемен бургер Steakhouse Stack воведен во менито за британскиот пазар, брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања со која ги предизвикува сетилата на гледачите.
Главниот спот на кампањата претставува колаж од снимки направени одблиску кои што се фокусираат на интензивните емоционални реакции на луѓето кои го пробуваат новиот бургер со обемен волумен на разни состојки.
„Тоа е McDonald’s за кој откажувате планови. Тоа е McDonald’s кој заслужува чинија. Тоа е McDonald’s кој прашува: „Смеам ли?“ – на што одговарате: „Секако!““ – вели нараторот на рекламата.
Покрај видеоспотот, кампањата ќе вклучува промотивни активности на радио, социјалните мрежи, печатените медиуми и надворешни реклами.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett UK и продукциската куќа MJZ.