Милиони корисници на Твитер утрово се разбудија да видат дека препознатливото лого на платформата во облик на сина птица се претворило во жолто куче од видот шиба ину, односно во интернет „мимот“ познат како „Doge“ („Кученце“), инаку амблем на криптовалутата Dogecoin.
Иако неочекувано, не може да се каже дека поставувањето на „кученцето“ е сосема изненадувачки, имајќи предвид дека извршниот директор на компанијата Елон Маск е долгогодишен обожавател на „мимот“, па дури ја промовираше соодветната криптовалута во повеќе наврати во минатото.
По промената на логото, самиот Маск на Твитер напиша „како што беше ветено“, приложувајќи „скриншот“ од разговор стар една година во кој му беше предложено на милијардерот да ја купи социјалната мрежа само за да го „промени логото со птицата во кученце“.
As promised pic.twitter.com/Jc1TnAqxAV
— Elon Musk (@elonmusk) April 3, 2023
Меѓутоа, како што пишува Ројтерс, вреди да се напомене дека одлуката за промена на „маскотата“ доаѓа само неколку дена откако Маск поднел петиција до американските судски власти да ја отфрлат тужбата против него според која тој се обвинува за водење на „пирамидална шема“ поради неговата поддршка за криптовалутата Dogecoin.
По промената на логото, цената на Dogecoin пораснала за повеќе од 20% во последното деноноќие.
Во мометов сé уште не е јасно дали се работи за задоцнета првоаприлска шега и до кога „кученцето“ ќе остане да биде амблем на платформата и дали воопшто сината птица ќе се врати… :)
— Elon Musk (@elonmusk) April 3, 2023