По повод „Месецот на планетата Земја“ кој се одбележува во април, американскиот бренд на пиво Busch Light го ангажираше пензионираниот астронаут Даг Харли да укаже на најважната причина зошто мораме да ја заштитиме нашата планета, а вселената не е алтернатива – пивото!
Имено, според поранешниот астронаут на NASA и SpaceX, поради состојбата на нулта гравитација надвор од Земјината атмосфера, практично е невозможно да се пие пиво бидејќи пијалакот се претвора во „пенлив неред“.
Астронаутот потоа им порачува на гледачите да не ги следат неговите кариерни чекори и да се фокусираат повеќе на зачувување на нашата домашна планета, бидејќи тоа е единственото загарантирано место во универзумот на кое може да се пие пиво. Навистина племенита кауза! :)
Како дел од кампањата, Busch Light се заложи дека за секое продадено пакетче пиво, дел од приходите ќе бидат доинирани на непрофитната организација One Tree Planted која ги помага напорите за пошумување ширум целата Земја.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција The Martin Agency.