Во своето предавање „PR in a Changing World“, Пол Холмс, едно од најголемите имиња во светот на односите со јавноста, ќе покаже како ПР-от се прилагодува за да ги следи промените во светот!
Веќе низа години на „Денови на комуникациите“ се собира најинтересната заедница на регионални комуникатори, меѓу кои голем број од нив се и експерти за односи со јавноста. Покрај организаторите, Хрватската асоцијација на здруженија за пазарна комуникација (HURA) и IAB Croatia, едно од партнерските здруженија на фестивалот е и Хрватската асоцијација за односи со јавноста (HUOJ), чии членови редовно учествуваат на фестивалот. Оваа година, фестивалот „Денови на комуникаците“ ќе се одржи од 20 до 23 април во хотелот Лоне во Ровињ, Хрватска, а заедно со бројните ПР експерти кои ќе разговараат за регионалниот пазар, специјален гостин на фестивалот ќе биде и познатиот Пол Холмс!
Тој е основач на The Holmes Report, клучен извештај во глобалната ПР индустрија, кој го основаше со цел да ја докаже, но и да ја подигне вредноста на односите со јавноста. По дваесет години, The Holmes Report стана PRovoke, се прошири на пет континенти и создаде светски познати настани, истражувања и извештаи. Но, мисијата на Пол Холмс остана иста, а најважното нешто за него, тврди тој, е што комуникаторите се свесни за фактот дека „денес нечиј бренд е она што другите го велат за него, но најтешко е да се натераат луѓето да ги кажат вистинските работи“.
Што зборуваат луѓето за нас? Како да се соочиме со тоа? Вистинското прашање е – како да се соочиме со иднината на ПР-от? На овие и на многу други прашања, Пол Холмс ќе одговори со помош на учесниците на фестивалот на неговото предавање “PR in a Changing World” („Односите со јавноста во свет што се менува“), кое ќе го одржи на главната фестивалска сцена на 22 април. Притоа, Холмс порачува: „Во оваа борба средствата нема да се бираат – ПР-от ќе мора да се натпреварува со други дисциплини, но и да учи од нив.“ Сепак, најважното нешто што треба да се запамети, вели Холмс, е дека оние кои не се подготвени за промени ќе се борат, а оние кои се подготвени на предизвикот ќе напредуваат како никогаш досега – за што ќе можат повеќе да слушнат сите учесници на „Денови на комуникациите“. Но, тоа нема да биде единствената тема со која ќе се занимаваат ПР-овците, бидејќи од нив се очекува и серија на разговори со локални експерти.
ДА ЗБОРУВАМЕ ВАЛКАНО: КЛЕВЕТЕЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ
Скандалозните кампањи се поактуелни од кога било. Социјалните мрежи ни дозволуваат да го користиме гласот за да клеветиме поединци, група луѓе или дури и професија, обично без никакви последици, а културата на откажување е во полн ек. Затоа, целта на панелот “Talk Dirty To me: The PRoblem of Smear Campaigns” е да биде корисен за сите – од ПР експерти до новинари и влијателни лица, па дури и научници. Со домаќинот Крешимир Мацан (деловен и комуникациски консултатн во Manjgura) и со соговорниците Петра Башиќ Јантолиќ (извршен директор, Развој на деловно работење со клиенти, Addiko Bank), адвокатката Вања Јуриќ и Маријана Грбеша (вонреден професор, Факултет за политички науки во Загреб), учесниците ќе разговараат како да се справуваме со лошиот имиџ во јавноста.
TO PR OR NOT TO PR
Многумина би рекле дека живееме во проблематични времиња, па затоа не е ни чудо што јавноста речиси ја изгуби довербата во авторитетите и почна да преиспитува сè, дури и самиот концепт на вистината. Како да се вратиме на вистинскиот пат? На панелот “[Spark the Conversation] To PR or Not to PR powered by HEP” разговорот со учесниците ќе го водат Нина Ишек Меѓугорац (извршна директорка, Val grupa), Тино Просеник (извршен директор, Gruntek), Хрвоје Бален (претседател на одборот на директори, Algebra University College / претседател на здружението HUP-ICT) и Саша Крамар (член на одборот, Span). Интересниот панел ќе одговори на некои горливи прашања, но и ќе поттикне дискусија за традиционалниот менаџмент – со премиса дека бизнис секторот има моќ и одговорност да ги стави довербата и општествените вредности на прво место.
ХРВАТСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА НА ДЕНОВИ НА КОМУНИКАЦИИТЕ
“Excellent in ESG – Best Practices Tales & Lessons” е дискусија на Хрватската асоцијација за односи со јавноста (HUOJ) што ќе се одржи како дел од програмата на „Денови на комуникациите“ и ќе ги здружи Марина Боланча (сопственичка и директорка на Abeceda komunikacije / заменик-претседателка на HUOJ), Александра Дилевска (генерална извршна директорка на Publicis Groupe за Хрватска и Македонија, генерална оперативна директорка за Јадранскиот регион), Марија Франиќ (раководителка за корпоративни комуникации, Kaufland), Ирена Шариќ Домбај (директорка за корпоративни комуникации на L’Oreal за јадранско-балканскиот регион) и Ирена Вебер (генерална директорка на HUP), кои што ќе анализираат зошто компаниите мора да бидат транспарентни во комуницирањето на економските, социјалните и менаџерските проблеми и како комуникациската индустрија им помага во подигнувањето на стандардите.
Покрај предавањата и диксусиите поврзани со односите со јавноста, целосната програма на „Денови на комуникациите“ ќе понуди уште многу интересни содржини. Преку видео врска на учесниците на фестивалот ќе им се придружи и Едвард Сноуден, по повод десетгодишнината од откривањето на системот за масовно следење што го шокираше светот. Потоа ќе следува евангелистот, визионер и рок-ѕвезда на технолошкиот свет Џејмс Витакер. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и од Мунис Кан, стратегиски експерт и директорка на Highsnobiety, која им помага на брендовите да трасираат пат до сигурен успех. На фестивалот ќе учлествува и водечкиот креативец на далечната Јапонија, Тошихико Танабе, потоа светскиот авторитет за секс-технологија Браони Кол, водечкиот футурист за креативни технологии Иан Бикрафт (поддржано од Hrvatski Telekom); главниот „монах“ на Media.Monks, најголемата глобална платформа за дигитално производство, Виктор Кнап; тука ќе биде и Рори Сатерленд, еден од најоригиналните мислители во огласувачката сфера и пошироко, и глобален креативен директор на Ogilvy; ИТ девојката на Опра и авторка на бестселери која распродава турнеи низ целиот свет, Кристина Кузмиќ (поддржано од Priceless.com); надреалистичкото режисерско дуо Vallée Duhamel; домашниот филозоф со светска слава Среќко Хорват; пионерот на огласувањето со кауза, Томас Колстер (поддржано од ENNA); и секако споменатиот Пол Холмс, легендата на oдносите со јавноста. Најавите на други интересни учесници на овој популарен тридневен фестивал немаат крај.
Пријавувањето за учество на еден од најдобрите светски настани, според двојната номинација на британските Association Excellence Awards, е достапно на официјалната веб-страница на фестивалот.