По повод лансирањето на новиот телекомуникациски бренд One Albania, компанијата си постави задача да го претстави својот „манифест“ кон жителите на Албанија на навистина уникатен и спектакуларен начин.
Со помош на 500 дронови поврзани во мрежата на One, на небото над Тирана биле испишани пораките на брендот. Додека дроновите го имале својот „танц“ на небото, а жителите на Тирана со вчудоневидување го гледале небесното шоу – неколку снимателски екипи низ градот биле спремни да ги овековечат нивните реакции.
За само 7 минути, додека траел перформансот со дроновите, екипите снимиле доволно материјал за да биде изработена неверојатна приказна заснована на напредната технологија на брендот и вистинските емоции на луѓето.
Кампањата за лансирањето на One Albania се реализира со здружени напори на креативните агенции Gogel Publicis од Тирана и Creative Disorder Studio од Белград, заедно со продукциските куќи Anima Production од Тирана и Tuna Fish Studio од Белград.