Прилепска Пиварница ја објави новата „лекција“ во кампањата „Кралски Манири“ за пивскиот бренд Крали Марко.
Во спотот насловен „Снајди се, па уживај!“ ги гледаме популарните македонски актери Сашко Коцев и Слаѓана Вујошевиќ на „состанок“ во кафеана. Со цел да ја импресионира девојката, дечкото се труди да ги следи нејзините навики за вегетаријанска исхрана, иако самиот тој е љубител на месо.
Она што следува претставува хумористична размена на зборови и погледи помеѓу двајцата гости и келнерот кој ја прима нарачката, а се обидува да ги декодира скриените пораки на Коцев кој своите „месести“ желби ги изразува преку кодиран „вегетаријански“ јазик.
И покрај разликите во преференците за главниот оброк, сите страни се потполно согласни во едно – пијалакот мора да биде големо Крали Марко! „Во кафана важно е да се снајдеш и да уживаш со КралиМарко“ – истакнуваат од брендот.