Барањето работа како млад човек понекогаш знае да биде парадоксално: не можете да се вработите затоа што немате искуство, а немате искуство затоа што не можете да се вработите.
Па така, брендот за брза храна McDonald’s во Романија си постави за цел да го промени таквиот парадоксален пристап на работодавачите со нивната нова кампања која ги слави животните искуства на младите наместо нивното работно искуство.
Главна ѕвезда на кампањата е младиот уметник Rares, кој ја дава бунтовната музика за спот кој прикажува цела низа на млади кои немаат некое особено работно искуство, но имаат други значајни квалитети како упорност, внимание кон детали, посветеност, креативност, тимска работа и слично.
На крајот од спотот се истакнува McDonald’s како компанија која секогаш е подговена да им даде шанса на младите како нивно прво работно искуство.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција DDB Romania.