Виекендов во Ровињ, Хрватска се оддржа настанот “Денови на комуникациите”, во чии рамки покрај бројните панели, предавања и дебати на различни теми од комуникациската индустрија се оддржаа и наградни церемонии за Effi Awards Croatia, MIXX (за најдобри дигитални кампањи во Хрватска), Young Lions Croatia и BalCannes – регионалното натпреварување за најдобри агенции, огласувачи и креативни проекти.
Креативниот фестивал BalCannes е единствен со регионален карактер и годинава на него учествуваа рекорден број на пријавени проекти од Хрватска, Србија, Македонија, БиХ и Словенија за кои гласаа три различни жири комисии составени од претставници на агенциите, претставници на огласувачите и претставници на медиумите од регионот.
Најдобрите регионални проекти кои беа оценувани по неколку критериуми како идеја, изведба и пазарна релевантност беа наградувани со златни, сребрени и бронзени статуетки, а беа доделени и неколку специјални награди.
Гранд При на BalCannes освоија Pioniri Communications и компанијата Metalac за проектот Metalac x Konstrakta насловен како – “Уметничката мора да јаде здраво”. Титулата најдобра агенција и припадна на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, a за најдобар огласувач се прогласени Radgonske gorice и The Fun&Fit Company. Специјалната награда Editor’s Pick Award, која ја доделуваат уредниците на стручни медиуми од регионот ја доби проектот Untouched By Light, реализиран за клиентот Radgonskih gorica од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
Помеѓу победничките проекти, како единствен награден проект од Македонија, во категоријата Алкохолни пијалоци, бронза освои агенцијата Публицис Скопје за проектот Smooth ON, реализиран за Пивара Скопје.
Злато во оваа категорија доби проектот Untouched by Light, а среброто им припадна на Zagrebačka pivovara и BBDO Zagreb за проектот Domoljubna Žuja.
Останатите победници по категории може да се погледнат на ОВОЈ ЛИНК.