Британската маркетинг групација WPP го објави купувањето на Amp, една од водечките светски компании за брендирање на звук.
Експертизата на Amp ќе ја зајакне понудата на WPP за искуствено брендирање и неговата способност да создава висококвалитетни и диференцирани звучни искуства за клиентите. Аквизицијата доаѓа во време кога звукот продолжува да расте како витален елемент во брендирањето, при што 75% од потрошувачите од Генерацијата Z велат дека музиката им помага да се чувствуваат повеќе поврзани со брендовите.
Amp ќе биде приклучена кон консултантската компанија за бренд и дизајн Landor & Fitch, додавајќи ја експертизата на агенцијата во обезбедување на сеопфатни идентитети на брендови кои ги трансформираат искуствата на клиентите и вработените, односно ги издвојуваат брендовите на конкурентниот пазар.
Основана во 2009 година од Микеле Арнезе, агенцијата Amp има канцеларии во САД, Европа и Азија, со главни седишта во Германија и САД. Нејзиниот глобален тим од над 60 луѓе има создадено наградувани звучни идентитети за некои од највлијателните светски брендови, вклучувајќи ги Mastercard, Mercedes-Benz, Kraft Heinz, Deloitte, Shell и General Motors.
Стратешката доследност и длабоката експертиза на Amp во сферата на музиката и звукот се заснова на нивниот посебен пристап на Sonic DNA® дизајн. Оваа уникатна креативна платформа е дополнително засилена со Sonic Hub® – нивниот сет алатки базриани на вештачка интелигенција, овозможувајќи им да анализираат, креираат и управуваат со звучни средства, обезбедувајќи ги во широк обем преку искористување на потенцијалот на генеративната вештачка интелигенција. Овој иновативен пристап осигурува дека аудио содржината на брендот е конзистентна, но сепак приспособена на разновидна публика, обезбедувајќи беспрекорно искуство на сите допирни точки со потрошувачите.
„Со порастот на стримингот, подкастите и медиските содржини од краток формат, аудиото стана критична компонента на маркетинг миксот. Аквизицијата на Amp ја подобрува нашата понуда за клиентите, помагајќи им да создадат извонредни искуства што ги ангажираат потрошувачите на подлабоко ниво и ја поттикнуваат нивната конкурентска предност“ – посочува Марк Рид, генерален извршен директор на WPP.