Повеќето компании редовно го следат задоволството на корисниците од своите услуги, а еден од главните индикатори е NPS (Net Promoter Score)
Доколку некој, врз основа на сопственото искуство, би ни препорачал оценка од 0 до 10, самата оценка не кажува многу ако истата не ја разбираме длабински. Затоа, покрај оваа евалуација, во истражувањата често се користи формата – отворено прашање, во кое од корисникот бараме да ја објасни својата оценка со свои зборови.
Дури и во овој случај, можеме да пропуштиме многу. На пример, корисникот дава оценка за препорака 7, а меѓу причините, наведува дека не е целосно задоволен од понудата. Сега знаеме дека нешто ни недостасува во нашата понуда, но што? Не би можеле и никогаш да дознаеме освен ако не постои начин истиот корисник во следниот момент да го прашаме што точно му недостасува од нашата понуда. NPS 2.0 на VALICON го овозможува токму тоа.
Ова не е единствената надградба на NPS 2.0. Луѓето не се совршени. Прават грешки насекаде. На пример, човекот е пристрасен кога се категоризираат текстови или се кодираат подолги записи во пократки, помалку бројни, значајно заокружени категории на содржини. Развива недоследности и ја промашува поентата. Што, секако е штета, особено ако тие записи го кријат одговорот на прашањето што недостасува нашата услуга за да биде совршена.
ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА AI ВРЗ МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊАТА
Во неодамна објавеното истражување спроведено меѓу корисниците на онлајн порталот #NewMR, а насловено “Како вештачката интелигенција ќе влијае на истражувањата на пазарот и увидите во следните десет години?”, мнозинството, односно повеќе од 200 испитаници ја препознаваат вештачката интелигенција (AI) и автоматизацијата како позитивен аспект за развојот на маркетинг истражувањата, особено во однос на ефективноста на истите.
Иако испитаниците се исто така свесни за потенцијалните негативни ефекти и замки од користењето на AI, нивниот број е многу помал од оние кои се ентузијасти за користење на AI. Како област во рамките на маркетинг истражувањата во кои, според нивното мислење, употребата на AI ќе има најголема улога, тие на прво место ја наведуваат анализата на одговорите на отворените прашања (повеќе од 80% од испитаниците веруваат дека за 10 години, AI ќе игра клучна улога во наведените анализи).
НАДГРАДБА НА СТАНДАРДНИОТ МОДЕЛ NPS
Врз основа на моделот на вештачка интелигенција, VALICON го надгради стандардниот NPS модел за следење, кој поради новите функции, може да се нарече NPS 2.0. Овој модел има две клучни предности, а тие се :
- Првата предност е автоматизираното кодирање на отворени одговори, што ќе биде особено забележливо кај оние компании кои за краток временски период собираат големи количини на одговори од овој тип. Неколку илјади корисници и ист број на интеракции многу брзо создаваат огромни количини текст со исклучително важни информации. Со моделот NPS 2.0, овој тип податоци лесно се анализираат и се достапни за користење за многу кратко време.
- Втората предност на моделот NPS 2.0 е иновативноста на глобално ниво. Станува збор за можноста за поставување прашања во реално време, врз основа на отворени одговори, што со моделот NPS досега не беше можно.
Ајде да замислиме едноставен пример. На прашањето: Зошто ја оцени нашата услуга со 6, корисникот одговори дека тоа е затоа што не му/и се допаѓа ставот на продавачот. Конвенционалниот NPS модел застанува тука. Сепак, автоматизираното кодирање во реално време со помош на NPS 2.0 му овозможува на системот да постави дополнително отворено прашање врз основа на отворениот одговор. Ако се задржиме на претходниот пример, системот ќе го праша корисникот за конкретни причини односно зошто не му се допаднал ставот на продавачот. Со други зборови, наместо да поминуваме денови и недели прашувајќи се што сакал да ни каже корисникот, ние ќе знаеме уште пред да знаеме дека корисникот е незадоволен од нешто.
За VALICON
VALICON е една од водечките компании за маркетинг консултантски и истражувачки услуги во Југоисточна Европа. VALICON е специјализиран за мали пазари, приспособени решенија, напредна методологија и длабински преглед во деловното работење на клиентите. Основно,дејноста на компанијата е маркетинг совет врз основа на маркетинг истражување. Знаењата и вештините на нашите вработени се однесуваат на бренд менаџмент, менаџмент консалтинг, иновации, медиуми, прогнозирање на трендови, онлајн стратегии и ископување податоци. VALICON на своите клиенти им нуди истражувачки услуги кои се однесуваат на целиот регион Адриа (поранешна Југославија) со што се издвојува како лидер за маркетиншки истражувања во регионот.