Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer со гордост го објави своето револуционерно партнерство со FlyingNikka, првата офшор макси-јахта во светот.
Дизајниран за трки на долги растојанија во Средоземното Море, футуристичкиот брод долг 19 метри се наметнува во светот на едрењето како едно од моментално најбрзите пловила. Соработката со TAG Heuer ќе го комбинира стремежот на двата бренда за извонредност, прецизност и иновација, како и нивната посветеност на тркањето. Исто така, ќе го одбележи иновативното враќање на часовничарскиот бренд во светот на едрењето.
„Горди сме што се вративме во универзумот на едрењето, соработувајќи со FlyingNikka на Mills Design – јахта што го претставува врвот на технологијата на едрење. TAG Heuer е бренд кој ги споделува вредностите на авангардниот дух, брзината и врвниот дизајн со FlyingNikka. Веруваме дека оваа соработка ќе ни овозможи дополнително да ги поместиме нашите тркачки граници и да работиме на дополнителни иновации“ – истакнува извршниот директор на TAG Heuer, Фредерик Арно.
FlyingNikka е најкомплексната, иновативна и возбудлива голема јахта на оваа деценија – машина за брзина, технолошки и инженерски „Голијат“ и исклучително храбар потфат. За прв пат заплови од Валенсија на 12 мај 2022 година, претставувајќи еволуирана верзија на долгата едрена јахта AC75, која се најде во најновото издание на Купот на Америка.
Дизајнирана од познатиот поморски архитект Марк Милс, FlyingNikka може да се пофали со врвни дизајнерски иновации и технологија што му овозможуваат да постигне невидени перформанси на вода. Со трупот направен од напредни композити од јаглеродни влакна, високи 3D композитни едра и напредни хидрофолии, јахтата е дизајнирана да „лета“ над водата, постигнувајќи брзина до 40 јазли. Исто така, располага со напреден електронски систем за контрола што му овозможува на екипажот да врши брзи прилагодувања со цел да го оптимизира нејзиниот перформанс.