Нови содржини од Sony Pictures Television, Lionsgate, BBC Studios, новости од The Walt Disney Company и Telekom Srbija, увид од United Group, Warner Bros. Discovery, SkyShowtime, Deutsche Telekom, CME и други
Објавена е комплетната агенда за NEM Dubrovnik 2023, што ќе се одржи од 5 до 8 јуни 2023 година во Dubrovnik Palace Hotel. Десеттото издание на омилениот ТВ-пазар на Централна и Источна Европа ќе биде најголемото досега, со 12 клучни говорници кои ќе понудат вреден увид во сложената и постојано променлива ТВ индустрија:
- Викторија Боклаг, CEO, United Group,
- Џејми Кук, GM за CEE, Балтикот, Блискиот Исток, Медитеранот, Турција и регионот EMEA, Pay TV and Creative Agency, Warner Bros. Discovery,
- Владимир Лучиќ, CEO, Telekom Srbija,
- Димитрис Михалакис, COSMOTE TV Executive Director во Hellenic Telecommunications Organisation,
- Луиз Педерсен, CEO, All3Media International,
- Ванда Рапти, EVP & Chief Commercial Officer за Северна Америка и Viaplay Select, Viaplay Group,
- Монти Сархан, CEO, SkyShowtime,
- Френк Спотниц, CEO, Executive Producer, Big Light Productions,
- Душан Швалек, Deputy CEO, CME,
- Марија Валензуела, General Manager, Movistar Plus+ International Division,
- Мориц фон Круенер, Managing Director, Beta Film GmbH и
- Марк Јанг, EVP, Distribution & Networks, EMEA, Sony Pictures Television.
Со нејзиното 20-годишно телевизиски искуство, водител на церемониите ќе биде легендарната Касија Мадера, презентер во BBC News.
Клучни теми и панели
Сесијата со која ќе биде отворен настанот ќе оддаде почит на десетте возбудливи години на градење на брендот NEM, што ќе се дискутира на панелот “10 YEARS OF NEM” спонзориран од Mediavision.
Кои се критериумите на купувачите кога купуваат нови содржини? Одговорите ќе бидат дадени на панелот “WHAT MAKES CONTENT BUYERS TICK AND HOW DO THEY FIND THAT PERFECT FIT?”, спонзориран од Prva TV.
“EUROPE AND BROADCASTERS: CHALLENGES AND OPPORTUNITIES” ќе биде панел спонзориран од ACT. Тој ќе ја истражи улогата што може да ја имаат законодавецот и регулаторот, особено на европско ниво, со цел да се зајакне медиумската економија.
Панелот “CENTRAL EUROPE: WHAT STORY DO WE WANT TO TELL THE WORLD?”, спонзориран од TVP World, ќе детектира каде се наоѓа регионот на Централна и Источна Европа во однос на неговиот имиџ и идентитет.
За време на панелот “IS EUROPE BEING TERRITORIALLY DIVIDED IN TERMS OF GLOBAL STREAMERS’ INVESTMENTS?”, присутните ќе дознаат што носи иднината за источноевропските оригинални содржини.
SVOD услугите и операторите кои се занимаваат со инфлацијата и ефектите од пренатрупаниот пазар ќе бидат дискутирани на панелот “END-USER PRICING WARS”.
Новиот хрватски Закон за електронски медиуми стапи на сила во октомври 2021 година. Панелот “MUST-OFFER IN CROATIA” ќе понуди увид во новите услови во однос на предвидените такси и како тоа ќе влијае на кабелските оператори и FTA-договорите.
За време на панелот “EVERYTHING YOU’VE ALWAYS WANTED TO KNOW ABOUT FAST BUT WERE AFRAID TO ASK”, присутните ќе научат сè за деловните и техничките работи на бесплатните стриминг телевизии поддржани со реклами (FAST).
Импресивна листа на панелисти и модератори
Панел дискусиите ќе бидат интересни и корисни благодарение на учесниците: Сања Божиќ-Љубичиќ, Pickbox, Mediavision и Mediatranslations, Матијас Сеттел, TV Markíza и CME, Бранко Чакармиш, Pro Plus, Павел Станчев, TV2 Media Group и Planet TV, Адријан Јежина, Telemach Croatia и Telemach Slovenia, Јан Макса, Czech Television, Катарина Павловиќ, Prva TV и B92, Марчин Скабара, TVP (Telewizja Polska S.A.), Рахела Стефановиќ, Croatian Radiotelevision (HRT), Иза Пјотровска, Duck TV, Џонатан Бротон, EBU, Грегоар Полад, Association of Commercial Television and Video on Demand Services in Europe, Павел Косијацки, Polsat Media, Каролина Лоренсон, ACT, Борд Нуно Соарес де Оливеира, NOS, Тонко Вајсман, RTL Croatia, Филип Стичински, TVP World, Џејсон Џ. Смарт, Kyiv Post, Сергеј Сумлени, European Resilience Initiative Center (ERIC), Роберт Швеб, Croatian Radiotelevision (HRT), Саша Фахрбах, TVP World, Џулија Максвел, Viaplay Group, Даниел Фридлендер, Sky EU Office, Емануел Екерт, Mediawan, Кристијан Грец, European Audiovisual Observatory, Ана Ленерова, O2 Czech Republic, Питер Васонг, Deutsche Telekom, Марија Руа Агуете, Omdia, Тонко Обуљен, HAKOM, Никола Клисовиќ, A1 Croatia, Синиша Ѓурановиќ, Croatian Telekom, Дражен Мавриќ, Nova TV, Крешимир Парл, Министерство за култура и медиуми на Хрватска, Гај Бисон, Ampere Analysis, Стефан Нисен, Amagi Corporation и други.
Презентација на телевизиски технологии
Посебен дел од агендата ќе биде изложбата на телевизиски технологии (TV Tech Showcase), посветен на технолошките компании кои го подобруваат растот и развојот на ТВ индустријата со своите иновативни решенија.
Анет Шефер, Big Picture, ќе биде домаќин на панелот и изложбата на компаниите Comcast Technology Solutions, Broadpeak, Gcore и Sandbox Group.
Вредното знаење исто така ќе биде споделено преку презентации на Хајми Бехар, SPI International (a Canal+ Company), Марсел Сатанек, Slovak Telekom и Digi Slovakia, Ајмерик Генти, Eutelsat, и Марија Руа Агуете, Executive Director, Technology Fellow, Omdia.
Проекции на свежи содржини, настани за вмрежување и незаборавни забави
Првиот ден ќе биде загреан со ексклузивна проекција, пијалоци и вечера со шведска маса од Sony Pictures Television. Потоа, Eutelsat ќе има забава на кровната тераса, овозможувајќи го уникатниот поглед на NEM Dubrovnik.
На вториот ден, присутните ќе дознаат за новитетите од Lionsgate за време на специјална изложба. „Среќниот час“ и вмрежувањето покрај базенот ќе бидат поддржани од Paramount Global Content Distribution, а по спектакуларното зајдисонце, Telekom Srbija ќе доминира во втората вечер со нивниот Ексклузивен најавен панел проследен со голема забава во Vala Beach Club.
Во текот на третиот ден, BBC Studios ќе ги претстави своите нови содржини, по што Pickbox NOW и Pickbox TV ќе организираат ручек со коктели за сите учесници, TVP World ќе ги почести сите присутни со „Среќен час“ на терасата крај базенот, а потоа сите учесници ќе се упатат кон “Brilliant Change Event” спонзориран од The Walt Disney Company во Ноќниот клуб Lazareti во стариот дел на Дубровник.
Додека, пак, агендата го претставува најдоброто што ТВ индустрија што може да го понуди во моментот, низ целиот хотел ќе се случуваат состаноци меѓу најголемиот број носители на одлуки и купувачи.
Десеттото издание на NEM Dubrovnik ќе биде исполнето со клучни говори, панел дискусии и презентации, заедно со премиерни проекции и вмрежување меѓу учесниците и гостите. Во текот на четири дена, NEM Dubrovnik 2023 повторно ќе стане „местото да се биде“ за професионалците од ТВ индустријата кои се интересираат за новите сознанија и трендови.
За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница NEM Dubrovnik 2023.