Вообичаено сме навикнату да гледаме реклами за пиво кои прикажуваат група на луѓе како се забавуваат во некој ноќен клуб или бар. Меѓутоа, не сите луѓе и секој ден преферираат да се дружат со своите пријатели „надвор“, туку помекогаш сакаат да останат дома и да „излезат“ во виртуелниот свет – играјќи некоја видео-игра.
Новата кампања на Heineken, лансирана за бразилскиот пазар и насловена “Not All Nights Out Are Out”, ги таргетира токму таквите луѓе. Па така, во централниот спот на кампањата гледаме група на луѓе од различни порфесии кои брзаат да ја избегнат вечерната гужва и навремено да стигнат во своите домови, сé со цел да отворат шише Хајнекен и да ужуваат во онлајн дружбата со своите пријатели, играјќи видео-игри.
Како дел од кампањата, брендот лансираше и специјална серија на шишиња на кои се наоѓа QR код кој води до онлајн платформа за спојување гејмери. Имено, штом корисникот биде пренасочен кон платформата, таму ја има можноста да избере каков жанр на видео-игри сака, по што треба да избере и наслов на некоја од популарните игри во тој жанр. Платформата, потоа, по случаен избор ќе спои двајца играчи со слични преференци.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Le Pub Brazil, дел од мрежата на Publicis.