Во пресрет на излегувањето на новиот Barbie филм во јули оваа година, популарниот бренд на кукли лансираше сопствен пијалак во лименка – своевидна „розова лимонада“.
Розовата лимонада на Barbie е создадена во соработка со компанијата за пијалаци Swoon, а се опишува како „сладок, киселкаст и овошен пијалак“ кој не содржи шеќер, туку засладувач направен од вид источноазиско овошје.
Пијалокот доаѓа во пакување какво што вообичаено би очекувале од Barbie – обоено во впечатлива и топла розова нијанса, со тоа што логото на брендот се наоѓа во рамки на бело поле на чие дно има илустрација на лимони и јагоди.
Розовата лимонада на Barbie ќе се продава оналјн и во неколку избрани маркети на американскиот пазар, по цена од 30 долари за пакување од 12 лименки. Притоа, 10% од вкупните нето приходи ќе одат за проектот Barbie Dream Gap, кој што има за цел да обезбеди ресурси, наставна програма и развој на вештини за девојчиња помеѓу пет и десет години ширум светот.