На годишното собрание на Бугарското здружение за односи со јавноста, по предлог на Управниот одбор, беше донесена одлука со која Иван Јанакиев останува на функцијата претседател на здружението до следното собрание во 2024 година.
Јанакиев е сопственик и основач на Propaganda Group и има долгогодишно искуство во сферата на корпоративните комуникации, маркетингот и односите со јавноста. Пред да ја основа својата агенција, тој беше извршен директор на All Channels.
Своите позиции во Управниот одбор на здруженито ги задржуваат Жанета Диадовска, Гергана Иванова и Десислава Еленкова. Притоа, ним ќе им се придружат Маријана Петкова, Кремена Георгиева и Маја Костадинова, на местото на Анита Бедин, Дилјана Јорданова и Елена Спирина.
За време на генералното собрание беше избран нов состав на Комисијата за професионална етика, во која со двегодишен мандат ќе учествуваат доц. Јана Сабева (претседателка на комисијата), Ивајло Велков и доц. Димитрина Стефанова.
Надзорниот одбор на здружението во текот на следниот мандат ќе биде составен од Силвија Костова (претседателка на одборот), Росица Вартоник и Дилјана Јорданова.