Францускиот луксузен моден бренд Christian Dior ја претстави својата нова колекција за претстојната есенска сезона за 2023 година.
Со цел промоција на колекцијата, брендот лансираше пра промотивни спотови со извонредна естетика во кои моделите носат современи парчиња инспирани од традицијата, сместени во амбиент на повеќевековни стари градби од непроценливо културно значење.
Спотот кој ја претставува женската колекција, дизајнирана од Марија Грација Чиури, е сместен меѓу камените скулптури и столбови на индискиот град Удајпур. Притоа, претставените парчиња облека го користат вокабуларот на традиционалната индиска облека. Движењето на моделите и сцените е елегантно и сензуално со бројни задлабочени погледи во далечината, но и кон гледачите.
Машката колекција, дизајнирана од Ким Џонс, е претставена меѓу песочните дини на Сахара (можеби влечејќи инспирација од филмот „Dune“?), чиј хоризонт го надвиснуваат древните египетски пирамиди. За разлика од претходниот спот каде сé течеше мирно, во овој случај имаме изразена динамичност на кадарот кој може да ви предизвика дури и вртоглавица!