(РЕГИОН) – Оваа Сабота, на Св. Валентајн, на шеталиштетот во Горнот Град во Загрреб како и во Древник на шеталиштето Donja Vala, привремено беше поставена голема клешта за отстранување на љубовните катанци. Тоа беше дел од глобалната иницијатива на Музејот на прекинати врски, со назив Cut the Drama.
Во склад со својата мисија за збринување на “емоционалното наследство од прекинатата врска“, Музејот сака да ги поттикне сите оние чии врски се прекинати да ги скинат и своите љубовни оклопи и така симболички да го “ослободат“ своето срце, а физички да ги отстранат “преградите“ за нова среќна љубов.
Клештите на истиот ден беа поставени и во неколку други градови ширум светот како Москва, Берлин, Хамбург, Лондон, Антверп и Сан Франциско. Симболично, на Денот на вљубените, Музејот сакаше да испрати глобална порака за креативно разминување со неславното љубовно минато.
Прекинатите катанци и приказните кои ги пратат ќе бидат складирани во Музејот на прекинати врски доколку нивните сопственици сакаат јавно да ги споделат и ќе може да се погледнат на веб сајтот www.brokenships.com
За Музејот на прекинати врски, акцијата во Хрватска, Cut the Drama ја смисли рекламната агенција Bruketa&Žinić OM а во реализација на истата се здружи со агенцијата Hirschen Group во Германија и неколку друг локални партнери.