Најпопуларниот фудбалски судија на сите времиња, Пјерлуиџи Колина е главниот лик во новата реклама на MasterCard, еден од главните спонзори на Лигата на шампиони во фудбал.
Две “маалски” екипи се сретнаа на терен во Турција во меч кој требаше да биде ист како и повеќето што претходно ги имаат одиграно. Фудбалерите почнаа и да се загреваат како секогаш, но тогаш се случи чудо, почна да ечи химната на Лигата на шампионите, зад параванот се појавија стотина навивачи што почнаа фанатично да навиваат, но тоа не беше се…Фудбалерите беа во шок кога на теренот влезе Пјерлуиџи Колина, кој се поздрави со секој од нив, а потоа почна да ја дели правдата на овој меч.