Комуникациската агенција d:istinkt беше прогласена за ПР агенција на годината во Бугарија на овогодинешното 13-то издание на натпреварот BAPRA Bright Awards, организиран од Бугарската асоцијација на ПР агенции (БАПРА).
Освен главната награда на натпреварот, компанијата освои уште 10 награди во седум категории, од кои пет златни, две сребрени и три бронзени награди за реализирани комуникациски кампањи за брендовите Yettel, Lidl и Telus International.
Второто место го освои агенцијата M3 Communications Group со вкупно шест награди (по две златни, сребрени и бронзени награди), додека пак агенцијата Interimage се најде на третото место со шест освоени награди (две златни и четири сребрени).
За овогодишното издание на наградите BAPRA Bright Awards биле пријавени вкупно 126 кампањи од 28 агенции, кои што се натпреваруваа во 11 главни и 3 специјални категории. На настанот беа доделени вкупно 51 награда.