Претплатниците на HBO Max наскоро ќе забележат дека нивната омилена стриминг платформата се ребрендирала во само Max. Најавената промена треба да се случи на 23 мај.
Ваквата одлука беше донесена од страна на матичната компанија Warner Bros. Discovery со цел да покаже дека на нивната стриминг платформа можат да се најдат содржини за сите возрасти. Имено, со разните филмски серии како Game of Thrones, Succession, Westworld и The Last of Us, продукцијата на HBO изгради огромна репутација во сферата на забавната индустрија, но истовремено создаде слика како простор кој не е баш наменет за деца.
Претседателот и извршен директор за стриминг и игри во Warner Bros. Discovery, Жан-Бријак Перет, посочи дека иако компанијата ги има некои од најпознатите детски ликови, анимации и брендови во индустријата, категоријата на содржини за деца сепак не го исполнила својот вистински потенцијал на платформата HBO Max.
Претплатниците на ребрендираната платформа Max исто така ќе имаат можност преку неа да ги гледаат документарните содржини на Discovery+.
Името HBO ќе продолжи да опстојува во брендирањето на стриминг платформата Max во рамки на новиот слоган “The one to watch for HBO”.
On May 23, HBO Max is becoming Max — The One To Watch for all of HBO, hit series, movies, reality, and more. #StreamOnMax pic.twitter.com/GYJ4yJtkhG
— HBO Max (@hbomax) April 12, 2023