Австрискиот бренд Waterdrop, чија специјалност е производството на ароматизирани коцки без шеќер, неодамна лансираше нова кампања со која го привлече вниманието на светската огласувачка јавност.
Во новата дистописка реклама на Waterdrop гледаме луѓе кои се мачат да го живеат своето секојдневие поради тоа што носат џиновски пластични шишња врз своите глави – некои не можат да играат тенис, други да ги бакнат своите родители, а трети да јадат. Притоа, шишињата им се полнат со некакви газирани пијалаци.
Додека ги гледаме овие кошмарни слики, нараторот вели: „Ова е приказна за светот проколнат со шеќерна пластика, каде што индустријата ја претвори добрата вода во нешто различно“.
Всушност, кампањата користи апсурдизам и хипербола за метафорично да илустрира што се случува кога луѓето ќе замижат пред проблемите и ќе си дозволат да се „закачат“ на работи како газирани сокови и пластика за еднократна употреба.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Jung Von Matt, додека пак режисер на спотот е Макс Милис.