Наскоро, модните ентузијасти ќе можат да купуваат во Atelier Jolie, новиот моден бренд на холивудската актерка Анџелина Џоли, замислен како иницијатива „со цел“ – премостување на јазот помеѓу дизајнерите и клиентите.
Според актерката, нејзиниот бренд ќе се разликува од другите луксузни имиња на пазарот со тоа што ќе ги поврзе клиентите директно со мрежа на кројачи, дизајнери на шаблони и занаетчии, кои ќе создаваат облека од винтиџ ткаенини и заостанати материјали.
Џоли се надева дека овој креативен потфат ќе ја направи високата мода подостапна за јавноста, притоа покажувајќи како може да функционира еколошки, циркуларен бизнис за облека преку реупотребување на несакани материјали.
„Денес започнувам нешто ново – колектив каде што секој може да создава. Atelier Jolie е место за креативни луѓе да соработуваат со вешто и разновидно семејство на стручни кројачи, шаблонери и занаетчии од целиот свет. Тоа произлегува од моето ценење и длабока почит кон многуте кројачи и изработувачи со кои сум работела во текот на годините, желбата да го искористам висококвалитетниот винтиџ материјал и заостанатите ткаенини кои се веќе достапни, а исто така да бидам дел од движење за негување на поголемо самоизразување“ – објаснува Анџелина Џоли на своите онлајн социјални профили.
View this post on Instagram