Брендот за брза храна Burger King го лансираше третото продолжение од својата кампања “Confusing Times” („Збунувачки времиња“), овој пат фокусирајќи се на безграничната љубопитност и моментите на збунетост кај децата кои размислуваат за светот околу нив.
На пример, едно дете во новата реклама се прашува зошто зградите се толку високи иако имаат само две години, додека пак друго дете се прашува дали теглата за колачиња сè уште може да се смета како тегла за колачиња и доколку не содржи повеќе колачиња?! Конечно, трето дете се прашува дали пупуларниот бургер Whopper на Burger King може да се смета за вистински Whopper ако неговата плескавица не е направена од месо?
Burger King ја користи универзалната привлечност на детската невиност, љубопитност и искреното испитување. Кампањата сугерира дека понекогаш возрасните може да ги игнорираат овие прашања или да ги отфрлат како тривијални, но тие можат да доведат до важни размислувања и да поттикнат истражување на нови можности.
Во случајот, прашањето ја нагласува еволутивната природа на изборот на храна и зголемената популарност на алтернативите од растително потекло кои нудат гастрономско искуство споредливо со нивните традиционални пандани од животинско потекло.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција DAVID Madrid.