Утре (Среда, 18 февруари) со почеток од 20:00 часот во Концепт37 ќе биде оддржана изложба на нови и свежи дизајн продукти создадени од нова генерација на дизајнери. Изложбата претставува одлична можност да го искусите новиот карактеристичен продукт дизајн.
Во период од 15 дена група на многу млади, но перспективни македонски дизајнери имаа шанса да ги дизајнираат своите први прототипи инспирирани од темата „Македонското сонце – извор на здрав живот и храна“
– Учесници на работилницата
Александра Павловска, Елена Цветановска, Марија Павлова, Даниел Кочоски, Љупчо Богоев, Ева Илоска, Љубица Лазова, Ангелина Шулевска, Јулија Чочовска, Сара Лешникоска, Христина Младеновска, Ева Дејаноска, Лилјана Настова.
– Ментори
Ивана Боровњак (Хрватска) и Јана Ацевска (Македонија)
– Супервизори за продукција на прототипите
Натали Ристовска и Тамара Георгиевска
Изложбата „First of a Kind”е направена и реализирана од Јавна Соба/Public Room во партнерство со Амбасадата на Соединетите Американски Државии Министерството на култура на Македонија.