Швајцарскиот бренд на луксузни часовници Audemars Piguet и американскиот издавач на стрипови Marvel го претставија својот нов заеднички часовник “Royal Oak Concept Tourbillon Spider-Man” во пресрет на премиерата на филмот “Spider-Man: Across The Spider-Verse” на 2 јуни.
Часовникот се карактеризира со тридимензионална фигура на Спајдермен која се чини како да излегува од дисплејот на часовникот. Фигурата била изработена рачно од бело злато, со дополнителна употреба на ласер за врежување на деталите, а подоцна премачкана со соодветните бои карактеристични за костимот на суперхеројот.
Куќиштето на часовникот од 42mm е изработено од титаниум, додека пак прстенот и круната се направени од црна керамика. Во внатрешноста се наоѓа нов механизам Calibre 2974 на рачно навивање. При услови на темнината, бројките и стрелките на дисплејот се осветлуваат во сина боја.
Новиот Спајдермен часовник на Audemars Piguet и Marvel е достапен во ограничен број од 250 примероци, по цена од 195,000 швајцарски франци, односно 215,870 американски долари.
Изработен бил и единствен примерок со Спајдермен во црн костим, веќе продаден во Дубаи за неверојатна цена од 6,2 милиони долари.