Брендот на млечни производи Nestlé La Lechera одлучи да ја прослави својата 100-годишнина на пазарот во Колумбија создавајќи досега невидени рецепти со состојки кои претходно никогаш не биле искомбинирани.
Брендот одлучи да состави 10 уникатни рецепти на десерти кои треба да ја симболизираат секоја од последните десет децении, притоа вклучувајќи по еден историски факт, иконичен вкус, уметнички тренд и секако – кондензираното млеко по кое што е познат брендот.
Со помош на професионален историчар, тие ги обработиле најрелевантните податоци за секоја деценија и потоа ги ставиле во генераторот на слики Midjourney, базиран на вештачка интелигенција, кој за возврат им испорачал десет уникатни слики кои потоа послужиле како инспирација за готвење на вистински десерти.
Конечно, готовите десерти биле изложени и дегустирани во Музејот на модерната уметност во главниот колумбиски град Богота.
Кампањата се реализирала со помош на креативната агенција Publicis Colombia и продукциската компанија Macarena.