Речиси 17 години по создавањето на првото лого кое што прикажува рака што држи ѕвезда, најголемиот адвертајзинг натпревар во Бугарија – ФАРА, доби нов визуелен идентитет.
Организаторите од Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА) на почетокот на годинава распишаа конкурс за замена на претходниот симбол на фестивалот, а како одговор добиле вкупно 17 предлози од вработени или соработници на агенции кои се членови на БАКА.
Жирито составено од креативни и визуелни специјалисти ја додели највисоката награда на предлогот на Борис Братков, уметнички директор во рекламната агенција McCann Sofia. Неговиот визуелен идентитет ќе почне да се применува од следното издание на ФАРА следната година. Братков е познат како креативец кој беше дел од тимот што ја креираше кампањата „Лети с книга“, која што ја има освоено единствената награда за бугарска агенција од најголемиот адвертајзинг натпревар во светот – Cannes Lions.
Сите поднесени предлози за новиот визуелен идентитет на ФАРА ќе бидат претставени за време на овогодишното издание на фестивалот што ќе се одржи во Бургас од 8 до 10 јуни.
И оваа година, жирито кое ќе ги оценува пријавените кампањи на ФАРА вклучува бугарски специјалисти за адвертајзинг и комуникација, поделени во три групи – креативно жири, медиумско жири и големо жири.
Повеќе информации за фестивалот се достапни на официјалната веб-страница на следниот линк.