Burger King лансираше нова саморефлектирачка кампања за британскиот пазар како одговор на тоа што нивниот бургер со пилешко месо Chicken Royale е постојано еден од најпродаваните оброци, и покрај тоа што нивните огласувачки напори главно се фокусираат на бургерот со телешка плескавица Whopper.
Во централниот спот на кампањата, насловена “We Give Up” („Се откажуваме“), гледаме еден млад човек кој патува низ различни епохи, од 1960-тите до денес. Тој постојано е бомбардиран со реклами за Whopper, но, и покрај тоа, кога доаѓа моментот за нарачка, тој сепак го избира Chicken Royale.
„Во Burger King со децении го славевме нашиот иконичен Whopper. Меѓутоа, оваа година сакавме да го превртиме статус квото и наместо тоа да го прославиме миленикот на фановите – Chicken Royale. Оваа едноставна, но самосвесна идеја се осврнува на Whopper низ годините, потсетувајќи ги гостите дека, иако можеби сме домот на Whopper, ние сме и дом на најомилениот пилешки бургер во Обединетото Кралство“ – објаснува Соко Нуњез де Села, директор за бренд и комуникации во Burger King.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BBH и продукциската куќа Riff Raff Films.