На крајот од изминатата недела, од 8 до 10 јуни, во Меѓународниот конгресен центар во Бургас се одржа 23-то издание на најголемиот бугарски фестивал на огласувачки награди ФАРА, во организација на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА).
Титулата „Креативна агенција на годината“ ја понесе guts&brainsDDB, која што исто така ја освои главната Grand Prix награда за кампањата „Има пријателства, кои што даваат светлина“ за клиентот EVN Bulgaria.
Наградата за „Најдобар огласувач на годината“ ја понесе онлајн трговецот за облека Fashion Days.
Во натпреварувачката категорија за медиски агенции, пак, најмногу освоени награди заработи агенцијата All Channels Advertising.
Целосната листа на победници меѓу креативните агенции можете да ја погледнете на следниот линк, додека пак победниците во натпреварувачката категорија за медиски агенции е достана на овој линк.
Повеќе информации за фестивалот ФАРА се достапни на официјалната веб-страница www.fara.bg.