Најважната регионална дигитална награда – SoMo Borac по единаесетти пат ќе ги претстави и награди најдобрите креативци од дигиталната индустрија. Жирито ќе биде составено од дигитални експерти од најдобрите агенции во целиот регион. Нивното знаење и искуство играат голема улога во изборот на најдобрите дела во вкупно 15 категории.
Овогодишен претседател на адвертајзинг жирито е Маја Грбовиќ, раководител на одделот за медиуми во Mercator-S, додека претседател на медиумското жири е Миран Павиќ, директор на Telegram Media Group и член на Извршниот одбор на Хрватската асоцијација на дигитални издавачи.
„Минатогодишниот SoMo Borac со гордост го урна рекордот по број на пријавени проекти, а оваа година очекувам уште поголем наплив на креативност и иновации во дигиталната индустрија. SoMo Borac 2023 нуди широк спектар на можности за пријавување проекти и претставува вистински game-changer кој ќе остави длабоко и трајно влијание врз развојот на дигиталната индустрија во нашиот регион. Ова не е само настан кој ги слави најдобрите дигитални кампањи и проекти, туку и платформа која ја поттикнува креативноста, ги поврзува професионалците и дава инспирација за идни проекти. Преку доделувањето ги истакнуваме најдобрите меѓу нас и ги издвојуваме извонредните брендови, агенции и кампањи кои не инспирираат“ – изјави претседателката на овогодинешното адвертајзинг жири, Маја Грбовиќ.
„Од перспектива на дигитален издавач, минатогодишниот SoMo Borac направи извонреден чекор напред со додавање на медиумски дел на наградите. Во хрватскиот дигитален простор се развиваат многу солидни проекти и производи. Убеден сум дека и оваа година ќе бидат поднесени рекорден број медиумски проекти, а SoMo Borac ќе биде потврдена како водечка регионална награда за дигиталниот пазар“ – посочува Миран Павиќ, претседател на овогодинешното медиумско жири.
Целосниот состав на адвертајзинг жирито може да се погледне на следниот линк, додека пак претставниците на медиумското жири можете да ги најдете на овој линк.
Сите новости за доделувањето на најважната дигитална награда во регионот можете да ги следите преку официјалниот SoMo Borac newsletter, на соодветната веб-страница, или преку Facebook, Instagram и LinkedIn.