Француската маркетинг групација Havas се стекна со мнозински удел (51%) во Uncommon Creative Studio, најнаградуваната и најбрзо растечка независна креативна компанија во Обединетото Кралство, зајакнувајќи ја долгогодишната посветеност на Havas за инвестирање во креативноста за развој на значајни брендови. Основачите на Uncommon ќе задржат материјален удел во бизнисот (49%), ќе продолжат да го развиваат својот бренд на глобално ниво и ќе ги споделуваат своите најдобри практика со мрежата на Havas и матичната компанија Vivendi како светски лидер во медиумите, забавата и комуникацијата.
Овој значаен договор го одразува претприемачкиот пристап на Havas и ги задоволува стандардите на индустријата за ваков тип договори – вреднувајќи го идниот потенцијал на Uncommon на 80 до 120 милиони фунти со оглед на нивните проектирани планови за раст. Uncommon ќе го задржи својот бренд, визија и слобода да донесува сопствени одлуки во однос на своите клиенти и партнери, внатрешниот тим и креативниот производ во оваа возбудлива следна фаза на раст за агенцијата.
Uncommon веќе ги привлече некои од најголемите и највлијателните компании во светот, градејќи „брендови што луѓето во реалниот свет навистина посакуваат да постојат“. Брзорастечката агенција за само пет години постоење беше двапати прогласена за Креативна агенција на годината во Обединетото Кралство, а неодамна беше прогласена и како Меѓународна агенција на годината според AdAge, притоа останувајќи единствената компанија од таков обем во индустријата што е мнозинси основана и водена од жени.
Додавањето на Uncommon е уште еден јасен сигнал дека креативноста е приоритет во она што Havas им го доставува на своите клиенти секој ден. Заедно со Havas London, чија креативна репутација продолжува да расте, Uncommon дополнително ќе го зајакне присуството на Havas во Обединетото Кралство. Исто така, ќе понуди важна можност за проширување на креативната мрежа во Соединетите Американски Држави, надоградувајќи го веќе долгиот список на големи клиенти што Uncommon ги има во САД. Договорот со Havas дополнително ќе им помогне на Uncommon да го продолжат својот раст на глобално ниво и да продолжат со нивното континуирано проширување во нови сфери на делување.
Uncommon ќе го задржи и развива својот бренд на глобално ниво, додека истовремено соработува со моќната мрежа на Havas и светските брендови од забавната инудстрија што се наоѓаат под капата на Vivendi, како што се Canal+, Universal Music Group и Gameloft.