Дозволете ни да тргнеме на патување додека ја истражуваме најновата верзија на Carrera Skipper, доверлив придружник од 1968 година!
Со текот на времето, многу од часовниците на швајцарскиот бренд TAG Heuer го освоиле срцето и имагинацијата на бројни колекционери низ светот. Еден од нив, на пример, е Heuer Skipper. Светло обоен и веднаш препознатлив, Skipper го имаше своето деби во 1968 година. Се произведуваше во ограничени количини, никогаш не беше вклучен во каталогот на Heuer и остана некако скриен долго време. Но, благодарение на неговиот живописен изглед и интригантната приказна, часовникот брзо стана омилен меѓу колекционерите. Всушност, тој е еден од најбараните часовници на Tag Heuer. Како дел од прославите на 60-годишнината од серијата Carrera, брендот најави враќање на саканиот Skipper во сосема нова итерација.
Поврзаноста на Tag Heuer со светот на морепловството започна со неочекуван сојуз. Во партнерство со Abercrombie & Fitch во средината на 1940-тите, брендот создаде колекција на часовници со индикатори за плима. Потоа, во доцните 1960-ти, пријателството на Tag Heuer со Abercrombie & Fitch доведе до неверојатна можност: да биде официјален часовничарски партнер на бродот „Intrepid“ во познатиот Куп на Америка во спортско едрење. Во 1967 година, бродот „Intrepid“ го доминираше настанот, победувајќи во трката со одлучувачки резултат од четири спрема нула. Па така, со цел да ја одбележи оваа голема победа, Tag Heuer го создаде моделот Heuer Skipper во 1968 година.
Беспрекорно комбинирајќи го стилот и практичноста, новиот TAG Heuer Carrera Skipper го премостува јазот помеѓу неговата оригинална форма и модерноста. Изведен од дизајнот на новиот Glassbox Carrera, часовникот се карактеризира со куќиште без прстен, така што стаклото грациозно се протега до рабовите, создавајќи елегантна и модерна естетика. Во внатрешноста на куќитштето се наоѓа автоматски механизам со резервна енергија до 80 часа.
Боите на часовникот потсетуваат на Heuer Skipper од 1968 година. Имено, секоја боја на оригиналот имаше практична или симболична цел: живописната портокалова го известуваше екипажот за последните 5 минути пред почетокот на трката, зелената ја претставуваше нијансата на бродските кабли, а светлата тиркизна ја одразуваше бојата на палубата на бродот Intrepid.
Новиот TAG Heuer Carrera Skipper повторно се базира на истата иконична палета. Главниот дисплеј се карактеризира со сина боја која го симболизира морето, 12-часовниот бројчаник доаѓа во светлата тиркизна боја, додека пак 15-минутниот бројчаник е поделен на три сегменти: светла тиркизна, зелена и портокалова. Во комбинација со маркерите со триаголен облик позиционирани во интервали од 5 минути околу надворешната заоблена прирабница и светло портокаловата централна стрелка за секунди, TAG Heuer Carrera Skipper комбинира модерна технологија со безвременски дизајн.
Капетанот („Skipper“) се враќа во стил и вдахнува нов живот во врската помеѓу TAG Heuer и светот на морепловството!
Новиот TAG Heuer Carrera Skipper се продава по цена од 6.750 долари. Официјални партнери на брендот TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.