Германскиот бренд за спортска опрема Adidas ја лансираше својата нова кампања за Светското фудбалско првенство за жени, кое ќе се игра во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август 2023 година.
Во време кога женскиот фудбал забележува вистински подем, кампањата има за цел да привлече повеќе внимание кон играта, охрабрувајќи и инспирирајќи ги младите жени од целиот свет да ги следат стапките на најголемите светски ѕвезди: англиската лавица Алесија Русо, австралиската фудбалерка Мери Фаулер и германката Лена Обердорф. Покрај самите фудбалерки, кампањата се одликува со ѕвездена постава на фанови како фудбалските легенди Дејвид Бекам, Леон Горецка и Јан Рајт, неодамнешниот освојувач на Светското првенство за мажи, Лионел Меси, како и младата американска актерка Џена Ортега.
Развиена според новата бренд-платформа на Adidas насловена “Play Until They Can’t Look Away” („Играјте додека повќе не можат да погледнат настрана“), кампањата ќе се обиде да биде највлијателната на Adidas досега. Централниот спот на кампањата, исто така, содржи суптилни референци кон важни моменти во историјата на фудбалот, вклучувајќи значајни броеви на дресови, иконични топки и многу повеќе.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција TBWA\London.