Шкотскиот бренд на виски Ballantine’s и легендарниот рапер RZA склучија партнерство кое ги обединува светот на музиката, вискито и дизајнот со цел создавање на незаборавно искуство што ја слави автентичноста.
Кампањата насловена “Stay True” („Останете вистинити“) доаѓа во година кога се одбележуваат 50 години од востановувањето на хип-хопот како посебен жанр на музика, но коинцидира и со 30-годишнината од објавувањето на легендарниот албум “Enter the Wu-Tang (36 Chambers)” на рап-групата Wu-Tang Clan, чиј фронтмен е токму RZA.
Како дел од заедничките промотивни активности, раперот ја посети дестилеријата на Ballantine’s во Шкотските Гори, од што беше објавен и краток документарен филм.
„Мојот слоган од 90-тите беше „биди реален“, а тоа е она што значи да се остане вистинит: живејте го својот живот без граници, скршете ги очекувањата и прегрнете го она што ве прави вас, вие“ – истакнува RZA, додавајќи: „Кога бев во Шкотските Гори со Ballantine’s, сфатив дека правењето виски е како правење песна, потребна ви е вистинска количина на сладост и жестокост за да направите добар спој. Кога елементите се спојуваат, тоа е хармонија.“
Исто така, двете страни се одлучија да лансираат специјален грамофон “Ballantine’s X Crosley with RZA”, достапен во ограничен број по цена од 275 евра.
„Во Ballantine’s веруваме дека секој е уникатен, оригинален и вреди да се слави. RZA е добро познат по тоа што ги прави работите на свој начин – начин на размислување што го одразува духот на Ballantine’s, инспирирани од нашиот пионерски основач Џорџ Балантин. Комбинирајќи ги нашите страсти за музика и виски, возбудени сме да го објавиме првиот ексклузивен производ, грамофонот Ballantine’s x RZA Crosley во ограничено издание, и едвај чекаме да ви покажеме што друго имаме во план“ – посочува Матје Деландес, глобален маркетинг директор на Ballantine’s.